Програмава се користи за да се смени резолуцијата и интервалот на освежување на вашиот екран во XFree86 4.3.0 без потреба да се рестартира Х серверот.
Не очекувам некој да ја користи програмава повеќе од еднаш, но работа со целосни примери е добар начин за учење на QT/C++ програмирање. :-)
Програмчето може да го симнете тука како изворен код или бинарен пакет за Slackware9.1
За да ви работи програмата потребно е да имате најмалку XFree86 4.3.0, qt-3.2.1 библиотеки, и gnu-3.2.3 компајлер. Сите дистрибуции понови од 8 месеци би требало да ги имаат сите потребни работи.
Откога ќе го преземете пакетот со изворен код, треба да го откомпресирате да го компајлирате и инсталирате на вашиот систем. Логирајте се како обичен корисник и за да го инсталирате напишете ги командите:
$ tar -xzf rezolucija-0.0.2.tar.gz$ cd rezolucija-0.0.2$ make$ make installПредефинирано (ако ништо не менувате) програмчето ќе се инсталира во вашиот
домашен директориум /home/user/rezolucija/.
Бинарниот пакет е за Slackware 9.1. Откога ќе го симнете бинарниот пакет
логирајте се како root и напишете:
# installpkg rezolucija-0.0.2-i586-1.tgzОва ќе го инсталира програмчето во /usr/ како и другите програми инсталирани со пакет менаџерот на Slackware.
Или директно со командата:

$ ~/rezolucija/rezolucija
Откога ќе го стартувате ќе добиете нешто налик на сликата.
На левата страна ќе ги има сите достапни резолуции за вашиот систем.
Кога ќе штиклирате една резолуција во десниот дел ќе се излистаат можните интервали
на освежување за дадената резолуција.
За да смените резолуцијата или интервалот на освежување кликните два пати врз нив.
Или можете да кликнете на копчето Смени
Секакви забелешки или коментари може да пратите на MojotEmailEgeorgi1@unet.com.mk. За да може да ми пратите тргнете го "MojotEmailE" од почетокот на мејлот.