Покрај малку празничко џаболебарење, вчера го инсталирав пакетот за македонски јазик на WindowsXP. Преводот се гледа дека е претежно козметички, тоа што ќе го видиш до два клика е преведено, другите работи не се преведени. Има некои работи како „word wrap - прелом на зборови“ и „Multimedia - Мулдимедијали“ што бодат очи и неколку апла печатни грешки но во глобала ми се допаѓа како е преведено. Голем број зборови се истите како оние кои до сега ги утврдувавме и се користеа во преводот на слободните програми.
Инаку да се вратам на поентата. Имаме три речника на стандардизирани македонски преводи кои ги користат луѓето што преведуваат ГНОМ, КДЕ и Мозила. Ветив дека кога ќе имам време ќе ги спојам за полесно да ги испегламе разликите. Епа еве ги споив нив три + ги додадов и карактеристичните зборови преведени во WindowsXP.
Еве го заедничкиот речник тука, зборовите кои се во конфиликт меѓу речниците се во црвено. Исто така еве ги и зборовите од преводот на WindowsXP што ги извадив, а плус им пратив и чекам одговор од Мајкрософт Македонија ако имале некој водич по кој преведувале евентуално да го објават јавно?