Во пресрет на преведувачкиот маратон, што ќе се случи не оваа среда туку идниот викенд денеска си играв малку со PIL (Python Image Library) и направив малечка скриптичка која ќе ни исцртува графикон колку сме превеле секој ден по часови.
Во духот на Unix конзолните програмите кои прават само по една работа, grafikon.py ќе го зима влезот од текстуална датотека. Оваа датотека ќе се пополнува секој час со извршување на stats.sh bash скриптата која со помош на gettext алатките оди низ сите датотеки и брои колку реченици се преведени, непреведени. И grafikon.py и stats.sh се во датотеки.
Е да, ООО2 има 20984 реченици плус уште 36636 во датотеките за помош. Калкулаторот ми помогна да пресметам дека за да го преведеме OOO2, без помошта, ќе треба 10 маратонци 30 часа да преведуваат по 70 реченици секој час. Должината на речениците е променлива од по шест, седум зборови до само по еден збор, па во целина оваа бројка некако ми изгледа како достижна или па ќе праиме неколку маратони. :)