glisha/07022005001
Дома Друга дома Кајмакот Мапа на Скопје КонтактЗа „УЕБ“Датотеки ГПГ клуч
Изглед:

Наноблог Темен Светол Светол/коцка Хоризонтален
Битни:

Кајмакот - популарни македонски статии.Стандардизирани компјутерски зборови„Уради сам“
7.02.2005 @ 00:20

Некако отсекогаш најинтересни фотографии и да гледам и да фотографирам ми биле спонтани фотографии на луѓе. Сепак апаратот ми е малечко идиотче, ако излезам на улица и фотографирам непознати луѓе со него има шанси да си добијам ќотек пошто личам на воајер. Додека не си купам некој dSLR (ми фати око Canon 300D, a плус сега за 10 дена на саемот за фотографска опрема во Орландо, треба да искочи и негова замена па сигурно на овој ќе му падне цената) и почнат луѓето да ме гледаат малку по професионално и ми дозволуваат да ги фотографирам сега си учам да фотографирам макро објекти.

По мојата фото сесија со тавчето и капките вода пред 10-тина дена, налетав на интересно упатство како да си направиш т.н. LightBox за фотографирање макро објекти.

Пошто изгледаше доста просто и ефтино викендов решив да си направам и на мое задоволство успеав! :) А направив и неколку фотографии на разни објекти со просто светло, ете ги во галеријата. Подолу и малку подетално како сé тоа го склопив.

Значи си направив многу интересно и ефективно мини студио за фотографирање макро објекти го следев горе упатството од wlhuber и ме чинеше 350 денари плус неколку часа работа.


Си купив 4 метри водоводни пластични цевки со дијаметар 20мм од продавничките околу Зелено пазарче за 45 денари/метaр. Купив и 4 коленици (12 ден. парче) и 4 тишканати (т-коленици) (15 ден.). Ми требаше плус бонсек, метро, груба турпија и шмиргла - сé ова веќе имав. Бонсекот нели да ги сечам цевките, а со турпијата и шмирглата го намалував обемот на крајчињата на цевките за да можат да влезат во колениците. Имало некоја финта, водоводџиите што прават, демек ги греат цевките и се залепуваат кнап во колениците ама вака е подобор ем можам да ја демонтирам ем неморав да викам водовдџија. :)
Целта е да се направи како една конструкција за масичка, која се прекрива со бел чаршав и од страните или од горе се ставаат светла (столни лампи) по желба. Чаршавот има цел да на објектите им доаѓа убаво дифузно светло. На горната рамка од конструкцијата со штрафчиња прицврстив син хамер да изиграва позадина. Има мал милион бои и типови на хамери, јас мојов го купив во онаа Сито графика до „Бастион“ за 47 денари. Мислам да си купам уште еден во друга боја и помазен за да добивам убави рефлексии.
Еве една Убунту опаковка што ми испадна интересно со сенките.
Модел на најдобрата кола што некогаш е направена, ееј Фердинанд Порше го направил моторот. Во галеријата има повеќе фотографии што ги правев тестирајќи си го мини студиово.