glisha/25012005001
Дома Друга дома Кајмакот Мапа на Скопје КонтактЗа „УЕБ“Датотеки ГПГ клуч
Изглед:

Наноблог Темен Светол Светол/коцка Хоризонтален
Битни:

Кајмакот - популарни македонски статии.Стандардизирани компјутерски зборови„Уради сам“
25.01.2005 @ 16:13

Вчера, покрај тоа што на љунфер брдо во парк после 100 години се санкав :), пробував интересна тема - да фотографирам капки. Едно типче од phototakers.com форумот ми даде неколку интересни совети како да ја поставам сцената. Морав да пробам пошто многу често сретнувам такви фотографии, а никако неможев да најдам некое упаство како да почнам.

Вчера си наместив на маса една лабараторија и исликав 438 фотографии. Од тоа некаде 5-6 ми испаднаа употребливи што ми се допаѓаат. Ете ги во галеријата заедно со слика од сцената (читај хаосот). :)

Еве подолу мало упатство ако некој друг сака да проба.

  1. Земи кутија од кисело млеко.
  2. Некако прицврсти ја да виси на нешто.
  3. Направи малечка дупка (со игла) на долната страна за да паѓаат капки и наполни ја со вода.
  4. Под нејзе стави некое поголемко тавче наполнето со вода, за да се прават капките.
  5. Почекај некое време за да се стабилизира кутијата што виси и капките да паѓаат на исто место секој пат.
  6. Намести го сталакот и апаратот на иста висина како тавчето и колку што можеш поблиску, така капките да се во средина на фотографијата.
  7. За фокусот да биде баш на капките, јас ставив една пластично шишенце така капките да паѓаат баш на врвот. Го ставив апаратот во макро режим и го оставив автоматски да фокусира на долниот дел од шишенцето каде што би паѓале капките. После префрлив на рачен фокус со таа вредност.
  8. Користев блиц и отприлика 1/250 на f5.6 (исо100). Најубаво е да се користи најмалата можна f вредност за позадината да биде заматена. Но пошто така неможев да ги погодам капките да ми бидат фокусирани ја зголемив на f5.6.
  9. Тоа е тоа. Колку е кутија повеќе полна со вода почесто ќе капат капки и само стави го апаратот во burst режим и ќе фатиш сигурно некои интересни моменти.
  10. Повторувањето е мајка на знаењето. Мене од 438 фотографии употребливи ми испаднаа околу 5-6. :)